Македонија
„ТАВ Македонија“ најавува нова директна авиолинија Скопје – Париз со „Изиџет“
Од 2 април 2025 година, „Изиџет“, втората по големина авиокомпанија за кратки и средни летови во Франција, ќе започне со нова директна авиолинија што ќе ги поврзе Меѓународниот аеродром „Скопје“ и аеродромот „Орли“ во Париз.
Оваа линија ќе функционира двапати неделно, секоја среда и сабота, овозможувајќи брзо и достапно поврзување меѓу Скопје и Париз.
Генералниот директор на „ТАВ Македонија“, Неџат Курт, истакна дека новата линија е значајна пресвртница, бидејќи првпат Скопје добива директна врска со аеродромот „Орли“, управуван од истата групација како „ТАВ аеродроми“.

