Кошарка
Празничен спортски ден: Фудбалерите играат против Шпанија, кошаркарите против Хрватска
Две национални македонски селекции на Денот на Независноста на државата ќе имаат настапи против силни противници.
Фудбалерите на „Филип Втори“ во Скопје од 20:45 часот ја пречекуваат Шпанија во натпревар од 8.коло во квалификациите за ЕУРО 2016.
Македонија на овој натпревар влегува по неочекуваниот пораз во петокот од Луксембург по што падна на последното место на табелата со само една победа и шест порази.




