Спорт
ПОБРЗАЈТЕ: Почна резервацијата на билети за Суперкупот во Скопје
Започна резервацијата на билети за големиот спектакл – Суперкупот на УЕФА, кој на 8 август ќе се одржи на арената „Филип Втори“ во Скопје.
Секој сака во живо да го следи мечот меѓу Манчестер јунајтед, како победник во Лигата на Европа, и првакот во Лигата на шампионите, кој ќе биде одлучен на 3 јуни во Кардиф, меѓу Реал Мадрид и Јувентус.
На онлајн системот може да се резервира само бројот на посакуваните билети на еден од сајтовите што се бави со препродажба на билети од големи настани, но тоа не значи и дека веќе сте завршиле работа за онлајн купување на скапоцената влезница.




