Спорт
Почнува осминафиналната фаза на ЕУРО 2016
По два слободни дена, со натпреварот Швајцарија – Полска попладнево стартуваат елиминациските натпревари на Европското фудбалско првенство што се игра во Франција. Средбата ќе почне во 15 часот во градот Сент-Етиен.
„Островскиот“ дуел меѓу Велс и Северна Ирска е закажан за 18 часот на „Паркот на Принцовите“ во Париз. Според прикажаното во групната фаза, Велшаните се големи фаворити за пласман во четвртфиналето.
Во последниот денешен дуел, патникот меѓу осумте најдобри на ЕУРО 2016 ќе се решава меѓу селекциите на Хрватска и на Португалија. Овој натпревар стартува од 21 часот во Ленс.




