Спорт
Тажен крај за големата љубов на 90-годишен навивач и Арсенал
Ерни Крауч го следел Арсенал од 1934 година. Одел на секој натпревар – дома и во гости, а животот го заврши на пат кон натпревар на својот сакан фудбалски тим.
Ерни Крауч, 90-годишниот навивач на Арсенал одел на натпреварот со Сандерленд во саботата кога автобус налетал на него. Итната медицинска помош пристигнала, но Крауч веќе бил мртов.
– Сите во Арсенал сме тажни бидејќи почина нашиот доживотен навивач Ерни Крауч. Нека почива во мир, објавија Арсенал на официјалниот Твитер налог.




