Останато
Започнува пријавувањето за 12-от Wizz Air Скопски Маратон
Една од најпопуларните и најпознатите, а воедно и без конкуренција најмасовната спортска манифестација во нашата држава, Wizz Air Скопски маратон, го најави отворањето на пријавувањето за 12-то издание кое ќе се случи на 8-ми мај 2016-та година, во организација на Сојузот на спортови на Скопје.
Дванаесеттото издание на маратонот е под покровителство на Градот Скопје, Мисијата на Европска Унија и Агенцијата за млади и спорт.
Покрај маратонската, полумаратонската и трката на 5 километри, организаторите најавуваат и штафетен маратон, со што остануваат 4 трки на програмата како и што беше планирано и минатиот маратон. За штафетата ќе можат да се пријавуваат тимови од четворица натпреварувачи, со што секој ќе трча по 10 километри до предавање на штафетата.

