Шоубиз
Потврдена причината за смртта на 23-годишната обожавателка која почина на концертот на Тејлор Свифт
Објавена е причината за смртта на Ана Клара Беневидес, 23-годишната девојка која почина на концертот на Тејлор Свифт во Рио де Жанеиро.
Според извештајот на тамошниот Институт за судска медицина, Ана починала од топлотна исцрпеност, пренесува Page Six. Таа имала сериозно оштетување на белите дробови што довело до кардиореспираторен застој. Таа не била под дејство на супстанци кои можат да предизвикаат смрт.
Потсетуваме, Ана почина на почетокот на концертот кој се одржа во ноември на стадионот Естадио Олимпико Нилтон Сантос во Рио де Жанеиро. Лекарите на местото на настанот се обиделе да ја оживеат младата девојка, но не успеале. Беневидес била пренесена во градската болница Салгадо Фиљо, но набргу потоа починала.





