Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Вардарци супериорно ја надиграа и совладаа Барселона

Ракомет

Вардарци супериорно ја надиграа и совладаа Барселона

Актуелниот македонски и европски првак Вардар на супериорен начин совладувајќи ја Барселона стигна до четвртата победа во Лигата на шампионите. 

Вардарци пред својата публика во преполната сала на СЦ „Јане Сандански“ ја победија Барселона 27-24, полувреме 16-12, во меч од 5.коло на А групата.

Гостите од Шпанија беа рамноправни само во првите 12-минути кога резултатот беше израмнет 6-6, по што следуваше еуфорична игра на вардарци во двата правца. На голот несовладлив беше Штербик, а во нападот Борозан и Циндриќ го полнеа голот на Барселона, за на полувремето Вардар да замине со +4 (16-12).

И во вториот дел иста слика. Вардарци рутинирано ја одржуваа предноста, која на крајот сепак изнесуваше три гола 27-24.

Вуко Борозан со шест и Хорхе Македа со пет постигнати гола беа најефикасни во редовите на Вардар, на чиј гол блескаше Арпад Штербик со 14 успешни интервенции.

Покрај овој меч, денеска во А групата се одигра и дуелот Нант – Кристијаншдад 34-25, додека на средбите кои беа одиграни претходно ПИК Сегед на гости ја победи Висла со 33-27, а Рајн Некар Левен славеше против ППД Загреб со 31-24.

Табела: Вардар 9 бодови, Рајн Некар Левен 8, ПИК Сегед 7, Барселона 7, Нант 5, ППД Загреб 1 и Кристијанштад 1.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Ракомет

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.