Uncategorized
Априлијада „Скопје се смее“
Голема детска журка „Априлијада 2018-Скопје се смее“ по повод 1 Април – Денот на шегата ќе се одржи денеска од 11 до 13 часот на плоштадот „Македонија“ во Скопје.
За забавата со маски, балони, песнички и игри се задолжени секцијата за модерен балет и фолклорната секција на Детскиот културен центар „Карпош“, Мина Блажев, Златно славејче и танцови групи од основните училишта од Скопје и околината.
Манифестацијата, во организација на ДКЦ Карпош, ја финансира Град Скопје, а според најавата ќе ја отвори градоначалникот Петре Шилегов


