Uncategorized
Клајмат Сентрал: Во следните три века ќе исчезнат повеќе мегаполиси
Како последица на глобалното затоплување и зголемувањето на нивоата на океаните во следните еден до три века целосно или делумно ќе исчезнат повеќе големи градови во светот, се наведува во анализата на американската невладина организација Клајмат Сентрал.
Оваа организација која обединува американски научници, новинари и експерти од сферата на климатските промени предвидува дека меѓу мегаполисите на кои им се заканува целосно или делумно исчезнување се и Лондон, Њујорк, Шангај, Хонг Конг, Мумбај, Рио де Женеиро и Неапол.
Клајмат Сентрал оценува дека ваквото поплавување ќе биде последица на натамошната емисија во земјината атмосфера на гасовите што го предизвикуваат ефектот на стаклена градина и придонесуваат за глобалното затоплување.


