Uncategorized
НОКАУТ помогна каратистот Филип Несторовски да замине на првенство во Џакарта
“Јас, Несторовски Филип роден на 23.04.2000 година, член на Карате клубот “Металург” имам постигнато врвни резултати како на домашни така и на меѓународни натпреварувања.Сум бил повеќекратен државен првак (6 години по ред) балкански, медитерански и светски шампион и вицешампион. Со освојување на прво место на Државното и Медитерански првенство обезбедив пласман да ја претставувам Македонија на престојното светско првенсто во Џакарта, Индонезија. Ве молиме доколку сте во можност финансиски да ми овозможите учество на Светското првенство. Однапред ви благодарам”.
Ова е пораката која по некоја случајност дошла и до членовите на групата Нокаут, заради која одлучиле дел од финансиските средства предвидени за снимање на нов видео запис, да ги пренаменат и да му помогнат на Филип, целосно покривајќи му го престојот во Џакарта.
Благодарение на нивната брза реакција, Филип на време купи авионска карта, кимоно, штитници, тренерки и се што му е потребно од опрема, и замина во Џакарта каде веќе ги брани боите на македонското знаме.


![12118983_1711107822452318_5842265465010329464_n[1]](http://www.popularno.mk/wp-content/uploads/2015/11/12118983_1711107822452318_5842265465010329464_n1.jpg)
