Uncategorized
Шест нови премиум вина на „Стоби“ од специјална серија достапни за македонските потрошувачи
Винаријата „Стоби“ пушти во продажба шест нови премиум вина од специјалната серија „Приватна резерва“ (Private Reserve). Станува збор за посебна линија која се состои од пет црвени и едно бело вино, произведени од грозје со врвен квалитет и зреени во дабови буриња.
Новите вина Акација, Аура, Аксиос, Аминта, Вердо и Веритас, кои денеска „Стоби“ официјално ги промовираше, го претставуваат „најдоброто меѓу најдоброто“ создадено од стручниот тим на винаријата. Светлината и топлината на долгото македонско лето, темпераментот на античките винари, ориенталната аура на античката Персија, како и мекоста и топлината што ја нуди реката Вардар се само дел од вкусовите вткаени во секое од овие премиум вина.
Со богатството на вкусови и ароми како што се јужно овошје, праска, карамел, свежо печен леб, црвени бобинки, роза, ванила, тие ги пленуваат љубителите на виното и не ги оставаат рамнодушни ниту најпребирливите.



