Uncategorized
Истражување: Не постои машки и женски мозок!
Науката досега не учеше дека постојат машки и женски мозок, од што произлегоа теориите дека мажите подобро се снаоѓаат во простор, додека жените можат да прават повеќе работи одеднаш.
Меѓутоа првото истражување на половите разлики, спроведено на површината на целиот човечки мозок покажало дека не постојат машки и женски мозок, се наведува во студијата, спроведена од израелски универзитет.
Напротив мозоците на повеќето луѓе ги поседуваат карактеристиките на двата пола.


