Актуелно
Винаријата Стоби се закити со три златни медали и специјалната награда „Best of show“ на престижниот вински натпревар „Mundus Vini“ 2023 година
Водечката македонска винарија, „Стоби“ освои награда “Best of Show” – награда за најдобро бело вино од Македонија и три златни медали на високо признатата 32-ра пролетна дегустација на „Мундус Вини“ 2023 во Германија. Ова најново достигнување е доказ за исклучителните винарски вештини, страста и посветеноста на Стоби за производство на извонредни вина.
Победничките вина се Вранец Селекшн 2020, Веритас 2017 и Мускат – Темјаника Македон 2021, како и специјалната награда за „Best of Show“ за бело вино зa Мускат –Темјаника Македон. Вранец е најпознатата сорта грозје од регионот, и е постојан победник, земајќи бројни награди и златни медали од најголемите светски вински натпревари. Квалитетот на вината на Стоби е препознаен и награден од некои од најпрестижните светски експерти за вино.





