Uncategorized
Во полициската акција „Мрежа“ притворени пет лица, осомничени за дистрибуција на марихуана
Министерството за внатрешни работи, во рамки на републичката акција „Мрежа“, реализираше случај во кој е откриена криминална група која набавувала и дистрибуирала марихуана, но и други видови наркотици во неколку града од државата.
Во акцијата, соопшти денеска МВР, од слобода се лишени пет лица, а при претресите во Скопје и Кавадарци, запленети се околу 4,5 килограми марихуана, одземени околу 12.000 евра и 0,12 грама и 0,15 грама прашкаста кристална материја стимуланс – МДМА и 2 таблети МДМА.
Акцијата, се појаснува во соопштението, отпочнала кога било добиено сознание дека првоосомничениот го ангажирал неговиот син, пред нивниот дом во село Морани да ги пречека трето и четвртоосомничените лица со марихуана, да ја измери нејзината тежина, како и да ги подготви и исплати паричните средства во износ од 13.000 Евра. Откако со патничко моторно возило марка “Seat Cordoba“ со скопски регистарски ознаки, пристигнале добавувачите, во дворот од куќата каде што живеат таткото и синот кои сакале да ја набават дрогата, двајцата ја извадиле марихуаната и ја измериле на вага за мерење на наркотична дрога, која потоа синот ја сокрил во дрвен сад кој се користи за чување на сточна храна, а добавувачите останале да го чекаат првоосомничениот во неговата куќа.


