Шоубиз
Судот во Бијело Поље го казни Владо Георгиев за сообраќајни прекршоци
Пејачот Владо Георгиев (48) доби парични казни во вкупен износ од 760 евра од Судот за прекршоци во Бијело Поље. Според пресудата, тој бил фатен како управува возило под дејство на алкохол и е санкциониран и за злоупотреба на дрога.
Како што се наведува во соопштението од Судот, потпишано од претседателот Алија Бегановиќ, Георгиев добил 450 евра казна за возење со 1,22 промили алкохол во крвта, а за вториот прекршок – поврзан со злоупотреба на опојни супстанции – дополнителни 250 евра казна. Освен тоа, пејачот е задолжен да плати 60 евра судски трошоци.
„Двете пресуди беа спроведени пред нивното правосилност бидејќи обвинетиот има живеалиште во странство“, стои во соопштението.




