Актуелно
3.000 литри Битолскo млеко за децата во СОС Детско село (ФОТО)
Бимилк го одбележа 1 јуни, Светскиот ден на млекото, со донација на 3.000 литри Битолско млеко за децата кои се под грижа на хуманитарната организација СОС Детско село Македонија.
Оваа количина млеко, коjа ги задоволува дневните потреби за млеко на 60 деца згрижени во семејствата во СОС Детско село, ќе биде испорачана во текот на една година а првата испорака е веќе направена.
Хуманиот гест е поддршка на една од најранливите општествени групи во Македонија, децата без родители и децата кои живеат во социјално загрозени семејства.




