Актуелно
Сончево со краткотраен пороен дожд
Времето денеска претпладне во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност која ќе биде проследена со краткотраен пороен дожд, со грмежи и со засилување на ветерот, особено во северните и во источните делови на земјава.
Утринската температура ќе се движи од осум до 17, а дневната од 23 до 30 степени.
Во Скопје претпладне сончево со мала до умерена облачност, а попладне ќе има услови за краткотраен локален дожд и засилување на ветерот. Утринската температура ќе се спушти до 10, а дневната ќе се искачи до 27 степени. УВ-индексот ќе изнесува 7.



