Вести
Акција за чистење на дното на Охридското Езеро
Во пресрет на летната туристичка сезона, Клубот за подводни дејности „Охрид“ денеска почна со активности во рамки на акцијата за чистење на дното на Охридското Езеро од цврст отпад на потегот од градското пристаниште до Канео.
Акцијата е финансиски поддржана од локалната самоуправа.
Градоначалникот Јован Стојаноски пред почетокот на акцијата рече дека Охрид како туристички центар треба да биде препознатливо чист, за што побара поддршка од граѓаните, да водат сметка за чистотата на градот и езерото.



