Вести
Неуромедика ја доби наградата „Бест практис“ за 2018
26 години врвнатa медицинска стучност, посветеност и квалитет на медицински услуги кои ги нуди првата приватна поликлиника во Македонија Неуромедика резултираа со уште една награда. На форумот организиран од Европското здружение за истражување на квалитет кој се одржа во хотелот Ле Плаза во Брисел Неуромедика ја доби наградата – Best practise за 2018.
Наградата Best practise за 2018 ја подигна првиот човек на Неуромедика д-р Емил Угриновски, сопственик и генерален менаџер. Во рамки на форумот пред присутните бизнис лидери, дипломати и врвни експерти д-р Угриновски ги презентираше и сподели достигнувањата и професионалните искуства во полето на менаџерските стратегии на Неуромедика, кои во континуитет четврт век ја издигнуваат Неуромедика на врвно ниво во однос на конкуренцијата.





