Актуелно
Акција за откривање лица кои криумчареле мигранти во кумановско
МВР утрово започна сo спроведување на финалната фаза од акцијата за откривање лица кои се вклучени во криумчарење на илегални мигранти од Блискиот Исток и Северна Африка, потврди за МИА портпаролот на МВР Иво Котевски.
Акцијата, додаде тој, се уште трае и се спроведува на подрачјето на поширокиот регион во кумановско.
