Актуелно
Параглајдерист од Израел загина кај Врбоец
Педесет и петгодишниот параглајдерист Рон Ашуан од Израел денеска го загуби животот кај прилепското село Врбоец.
Според јавниот обвинител Мимоза Мрмеска, која заедно со полицијата врши увид на местото на несреќата, трагедијата се случила околу 13 часот кога група параглајдеристи вежбале за меѓународен натпревар кој треба да се одржи утре.
