Актуелно
В недела ќе се одбележува Денот на Охридското Езеро
Важно е колку е старо Охридското Езеро, но уште поважно е колку ние ќе го заштитиме, порача денеска Дејан Пановски од Билатералниот секретаријат за заштита на Охридското Езеро во пресрет на одбележувањето на Денот на езерото – 21 јуни.
Целта на одбележувањето, според него, е да се подигне јавната свест и да се покаже грижата за заштита на езерото од македонска и од албанска страна, но и дека туризмот е базиран врз ендемизмот и еколошките услови што ги нуди охридскиот регион.
Воспоставувањето на Денот на езерото, пред 16 години, посочи Пановски на денешната прес-конферемција, беше пред се заради неговата важност, но и да покаже дека и македонската и албанската страна се заедно во заштитата на езерото, институционално и легислативно преку транспонирање на програмите и директивите на Европската унија во законодавството на двете земји дека имаме желба и капацитети да се грижиме за него и да се отвори една порта за соработка меѓу науката, технологијата и политичарите кои носат одлуки.



