Актуелно
АЕТМ: Граѓаните може да го дадат својот глас и да ги одберат најдобрите во македонската е-трговија
Во петокот официјално започна јавното гласање за е-трговците кои се номинираа на Изборот за најдобрите во македонската е-трговија – „Ecommerce Awards“, во организација на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија.
Првите награди за е-трговија во нашата држава ќе ја препознаат, наградат и промовираат извонредноста на е-трговците во повеќе секции – од „Најдобри е-трговци во одбрани аспекти на онлајн продавање“ и „Најдобри е-продавници по сектори“, до „Шампиони во е-трговија“, каде ќе се додели и главната награда „Е-трговец на годината“.
Гласањето од страна на јавноста е бесплатно и отворено до 10.02.2022. Гласањето може да се направи на следниот линк. По завршување на гласањето од јавноста ќе следи гласање од жири комисијата составена од стручни лица кои се внимателно одбрани за да придонесат во изборот на најдобрите е-трговци во сите категории, освен категоријата „Најпопуларна е-продавница“ во која наградата ќе се додели единствено врз основа на бројот на гласовите од јавноста.


