Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Скопје станува центар на е-трговијата – oбјавена агендата за 8. Регионална конференција за е-трговија

Настани

Скопје станува центар на е-трговијата – oбјавена агендата за 8. Регионална конференција за е-трговија

На 4 ноември, Националната опера и балет во Скопје повторно ќе биде центарот на регионалната е-трговија!

Во организација на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија (АЕТМ), ќе се одржи 8. Регионална конференција за е-трговија, која оваа година носи нов, динамичен концепт – две сцени, два света на знаење и инспирација.

Конференцијата, која четврта година по ред ги отвора вратите за регионалната публика, очекува повеќе од 800 учеснициуспешни претприемачи, директори, менаџери, е-трговци и професионалци од девет земји: Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Албанија, Косово, Црна Гора, Бугарија, Грција и Хрватска.

Маркетинг

Ова издание го проширува фокусот — покрај е-трговијата, силен акцент е ставен и на маркетингот и вештачката интелигенција (AI), кои ја обликуваат иднината на дигиталниот бизнис. Новиот формат со главна сцена и паралелни практични сесии ветува искуство што ќе ги спои идеите, технологијата и бизнисот.

Светски имиња и регионални лидери

На главната сцена ќе настапат претставници од глобални компании како Dolce & Gabbana, TikTok, Visa, Booking, Publicis Groupe, Brainster Next, Korpa, Bigburg, Direct Media и Wolt, кои ќе споделат најнови трендови и практични искуства од светот на дигиталниот маркетинг, SEO, е-комерс и AI технологиите.

Во практичните работилници, учесниците ќе имаат прилика да научат како да ги користат маркетинг податоците за раст, како да создаваат ефективни кратки видеа и како да применат алатки за вештачка интелигенција во секојдневното работење.

Предавачи од Publicis Groupe, AI at Work by Brainster, Zephyr Angels и Shortsify.co ќе понудат конкретни совети, алатки и стратегии за компаниите што сакаат да направат вистински дигитален исчекор.

Нина Ангеловска Станков: „Е-трговијата расте со знаење, доверба и технологија“

Конференцијата традиционално ќе започне со обраќање на претседателката на АЕТМ, Нина Ангеловска Станков, која ќе ги претстави новите податоци и трендови за е-трговијата во регионот во 2025 година, со посебен осврт на иновациите, пазарните предизвици и потенцијалите за раст.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Настани

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.