Актуелно
Домашните агро-производители наскоро ќе ги пласираат своите производи на македонските интернет продавници
Петнаесет македонски агро-производители бесплатно ги усовршија своите дигитални вештини и веќе се во процес на пласирање на нивните производи на македонските платформи за интернет купување во рамки на проектот „Agri E-commerce“, кој го спроведува Асоцијацијата за е-трговија на Македонија.
Проектот има за цел да одговори на потребите што доаѓаат од веб-платформите за е-трговија за продажба на локално одгледувани агро-производи (свежи или преработени) од една страна, и од друга страна да им помогне на локалните агро-производители да ги продаваат своите производи надвор од својата област на живеење – преку Интернет.
– „Ситуацијата со Ковид пандемијата ја забрза дигитализацијата на македонскиот пазар, оттука сите засегнати во производството и трговијата мора да ги следат новите правила што ги налага ситуацијата и пазарот. Нашиот фокус како винарија Бади е да бидеме присутни на онлајн платформите на македонскиот пазар, а во некои идни планови и на европскиот пазар.“ – изјави Блаже Миневски, од винаријата „Бади“.


