Актуелно
Челесте Фејзо – експертка од OpenAI оддржа тренинг за 25 млади домашни претприемачи
Во организација на Асоцијација за е-трговија во С. Македонија, со поддршка на Активноста на УСАИД за млади кои активно создаваат можности, вчера се одржа практична обука со ChatGPT за унапредување на дигиталните вештини. На работилницата учествуваа 25 млади претприемачи, преставници на стартапи и студенти од целата држава. Работилницата имаше за цел да им овозможи на учесниците да ги разберат основните концепти на вештачката интелигенција, да ги истражат алатките и технологиите, со фокус на ChatGPT, и да учествуваат во практични вежби за стекнување практично искуство за негово користење.
Работилницата беше водена од Челесте Фејзо, експертка од OpenAI – компанијата креатор на ChatGPT. Таа зборуваше за своето искуство со ChatGPT и за неговото влијание врз бизнисите во реалниот свет. За време на работилницата ги поттикна учесниците да развиваат идеи за иновативни решенија со помош на вештачката интелигенција за справување со предизвиците во е-трговијата. „Возбудливо е да се посведочи брзиот раст во областа на вештачката интелигенција во Северна Македонија. За нашиот регион мислам дека е клучно да размислуваме глобално, за да можеме да го извлечеме најдоброто од земјите кои се поискусни и да го имплементираме во локален контекст.“, истакна Фејзо, која по потекло е од соседна Албанија.





