Актуелно
Педесетина учесници и повеќе од 1000 посетители беа дел од Третиот Саем на креативни индустрии во Скопје
„Лабораториум“ деновиве беше центарот на креативноста и иновациите, привлекувајќи повеќе од 1000 посетители на третиот Саем на креативни индустрии.
Саемот беше домаќин на 50-тина изложувачи од различни креативни области, кои презентираа иновативни проекти, дигитални инсталации, виртуелна реалност, дизајн, рачни изработки и многу повеќе. Оваа година значително порасна бројот на пријавени изложувачи, што е доказ за зголемениот интерес и потенцијал на македонските креативни индустрии, и ја навести и ја потребата од негово проширување во иднина, како во времетраење, така и во концепт и простор.
Саемот продолжува да се развива како витална платформа за промоција на домашните бизниси, стартапи и индивидуалци во креативниот сектор.





