Дарувањето крвна плазма највисок чин на хуманост – досега обезбедени 1732 единици
Од Институтот за трансфузиона медицина информираат дека се обезбедени вкупно 1732 единици конвалесцентна плазма за третман на пациенти заразени со Ковид-19, од кои 157 единици се собрани преку аферезна процедура а останантите единици конвалесцентна плазма се обезбедени преку стандардно дарување. Со крвна плазма досега се третирани 1431 пациенти.
Со ваквиот највисок чин на хуманост, граѓаните кои се оздравени имаат можност да им помогнат на тие кои во моментот се борат со коронавирусот.
Преку даруваната конвалесцентна плазма, антителата на оздравените пациенти се користат во сузбивање на болеста кај друго лице со Ковид-19.



