Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Џастин Бибер на средба со Макрон (ФОТО)

Актуелно

Џастин Бибер на средба со Макрон (ФОТО)

Џастин Бибер на средба со Макрон (ФОТО)

Светската музичка ѕвезда Џастин Бибер имаше средба со претседателот на Франција Емануел Макрон во Париз.

Џастин и неговата сопруга Хејли биле примени од Макрон и првата дама Брижит во Елисејската палата.

За оваа прилика младиот пар бил облечен помодерно, но сепак пригодно за ваква посета. Џастин носел сив костум кој го искомбинирал со сини најк патики, додека Хејли носела беж фустан со гол грб и пресек напред и високи потпетици. Првата дама била како секогаш елегантна во бел фустан и бело палто.

Сеуште не е позната причината за оваа средба, но француските медиуми пишуваат дека младиот пејач побарал да се сретне со францускиот претседател и дека тие дискутирале за „прашања поврзани со младите“.

Официјалниот фотограф на претседателот Макрон објави неколку фотографии од средбата.

Повеќе од Актуелно

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.