Актуелно
Државна Олимпијада по ментална аритметика во Скопје
Скопје ќе биде домаќин на големата државна Олимпијада по ментална аритметика која ќе се одржи на 11 јуни (недела) во ОУ „Лазо Ангеловски“.
На овој престижен настан ќе учествуваат над 600 натпреварувачи од нашата земја на возраст од 5 до 12 години.
Олимписките игри во Скопје претставуваат уникатен настан. Настанот традиционално привлекува голем интерес кај учесниците и јавноста, благодарение на атрактивноста на натпреварот по ментални вештини. Натпреварувачите мора брзо да го пресметаат точниот резултат, исклучиво ментално – без никакви помагала (хартија, молив или калкулатор). Една од најинтересните дисциплини е Анзан – натпревар во собирање и одземање на долга серија броеви кои се емитуваат на екранот со екстремно големи брзини: до 3 броја во секунда!



