Актуелно
На 18 јуни ќе се одржи 3-тиот Фестивал на биодиверзитет: Коктел на вкусови во Паркот на Франкофонијата
На 18 јуни (недела), од пладне до вечер, (12- 20ч), во Паркот на Франкофонијата во Скопје, по 3-ти пат ќе се случува Фестивал на биодиверзитет: Коктел на вкусови, што го организира Слоу Фуд Водно со поддршка на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Слоу фуд Македонија во своите редови ги има најдобрите производители кои ја бранат агендата поврзана со автентичната храна: ќе има околу 40 изложувачи од цела Македонија, од кои 21 од Скопје.
Овој пазар за храна на локалните производители вклучува и презентации, алкохолни, вински и пивски дегустации и секако- убаво дружење цел ден во најубавиот дел на Дебар маало.



