Актуелно
Проекција на „Годар: човекот-филм“ на Сирил Лоти во МСУ го најавува фестивалскиот фокус на Филозофскиот филмски фестивал
Во Музејот на современата уметност, вечерва во 20 часот ќе биде прикажан филмот „Годар: човекот-филм“ (Godard Cinema, 2022), со што го најавуваме годинешниот фокус на ФФФ посветен на францускиот филмски великан Жан-Лик Годар. Проекцијата воедно ја акцентира максимата на овогодишното 13. фестивалско издание којашто гласи „Сè е филм, во множина“.
Годинешната максима, „Сè e филм, во множина“, на ниво на синтакса, повторува една Годарова постапка: брзиот и неочекуван монтажен засек. Затоа и запирката, која не е чест гостин во слогани, тука ни се чини и сосема посакуванa.
Режисерот на филмот „Годар: човекот-филм“, Сирил Лоти, вели дека „она што најмногу привлекува и мотивира кај Годар е тоа што тој допушта сè: ги ослободува режисерите да бидат смели, да експериментираат, да ги предизвикуваат навиките“.



