Ефективното дејство на „Фајзер“ се намалува од 88 на 47 проценти по шест месеци примена вакцина
Американските здравствени институции објавија дека шест месеци по примена вакцина против Ковид-19 од производителот Фајзер, нејзиното ефективно дејство се намалува од 88 на 47 проценти.
Анализата покажала дека сепак ефективноста на вакцината во спречување на хоспитализација и смрт од Ковид-19 останува висока на 90 проценти најмалку шест месеци.
Според податоците, падот се должи повеќе на намалувањето на ефикасноста отколку на ширењето на повеќе заразни варијанти, велат истражувачите.



