Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Нова надеж за пациентите: Експериментална вакцина го стопира враќањето на рак на бубрег

Наука

Нова надеж за пациентите: Експериментална вакцина го стопира враќањето на рак на бубрег

Пациентите со напреднат рак на бубрегот кои примиле експериментална вакцина откако им биле отстранети туморите, не забележале враќање на болеста неколку години, според првата фаза од клиничко испитување, објавено во списанието “Nature”.

„Тоа беа пациенти со многу висок ризик од враќање на ракот“, рече др. Тони Чуеири од Институтот за рак Дана-Фарбер во Бостон, кој го предводеше истражувањето.

По речиси четири години, кај ниту еден од деветте вакцинирани пациенти не се вратил рак на бубрегот“, рекол тој, истакнувајќи дека се многу возбудени поради овие резултати.

Маркетинг

Новата вакцина е персонализирана

Стандардниот третман за третата и четвртата фаза на рак на бубрезите е хируршка интервенција, проследена со имунотерапија. Кај повеќето пациенти, ракот се враќа во рок од три години, а потоа нема ефикасен метод на лекување. Новата вакцина е персонализирана, што значи дека е дизајнирана да го научи имунолошкиот систем на пациентот како да ги препознава и елиминира клетките на ракот.

Научниците идентификуваа неоантигенимали фрагменти од мутирани протеини во ракот, во примероците од туморот отстранети за време на операцијата. Потоа утврдиле кои неоантигени ќе ги вклучат во вакцината.

Ние избираме цели кои се специфични за ракот и се разликуваат од нормалните клетки во телото. На овој начин, имунолошкиот систем може ефективно да го насочи ракот на многу специфичен начин“, објасни др. Дејвид Браун од Медицинскиот факултет на Универзитетот Јеил.

Во соработка со Мерк, научниците сега тестираат слична вакцина против рак на бубрег во испитување на 272 пациенти.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Наука

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.