Екипата на „Медена земја“: Помогнавме на Атиџе Муратова и семејството Сем
По тврдењата што периодов се појавија во јавноста и со коишто публиката беше неточно информирана, а притоа беa осквернавени документаристите, протагонистите, успехот на филмот и неговата голема хуманистичка идеја, екипата на „Медена земја“ го упатува следново образложение:
Документаристичкиот филмски кодекс советува дека филмските работници не треба да ги следат, соработуваат, помагаат или на каков било начин да интервенираат во животот на протагонистите. И покрај оваа практика, ние одлучивме да им помогнеме затоа што целосно се соживеавме со нив, од почетокот на идејата до најзначајните успеси на филмските фестивали. Правилата ги прекршивме со добра намера и притоа ангажиравме тим од правни и социјални работници кои нѐ советуваа како да ја реализираме помошта за Атиџе Муратова и семејството Сем.
За таа цел го основавме здружението на граѓани „Бекирлија“ преку коешто досега беа спроведени следните активности за помош на протагонистите:



