Актуелно
Самитот „Македонија2025“ оваа година ќе се одржи онлајн
Деветото издание на Самитот Македонија2025, за првпат ќе се одржи во хибридна/ дигитална форма од 1-ви до 3-ти декември 2020 година (15:30 – 17:30 ч.) преку онлајн конференциската платформа hopin.com.
Самитот Македонија2025 е врвен регионален настан кој претставува платформа за споделување знаења, поврзување на бизнисите и поттикнување промени во регионот на Југоисточна Европа. Со едни од најдобрите имиња во бизнисот, науката и технологијата како наши говорници, ја градиме иднината во чекор со најразвиените земји во светот.
Во овој период, пандемијата на Covid-19 и здравствената и економската криза низ светот, се неизбежна тема на сите дискусии, собири, конференции. Додека Самитот ги покрива овие теми, сепак целта е зголемен фокус кон заздравување на економиите, економските реформи, како и претставување на успешни примери и најдобри практики кај компаниите од земјава и светот. Ќе се зборува за економските реформи и меѓународните односи за време на здравствената и економска криза, за тоа како да изградите успешен бизнис во земја во развој, а ќе се дискутира и за моќта на компаниите со култура ориентирана кон луѓето.


