Актуелно
Експерти од Алибаба, Спотифај и Вибер ќе бидат дел од годишната конференција за е-трговија
Подготовките за најголемата конференција за е-трговија во Македонија, која оваа година по четврти пат ќе се одржи на 12 ноември под мотото „Ready, set, grow!”, се во полн ек.
И годинава, конференцијата за е-трговија ќе биде место каде што сите присутни ќе можат да ги прошират своите знаења во областа на е-трговијата, како и да се запознаат со домашните и странски експерти од областа на е-трговијата, дигитализацијата, е-плаќањата и дигиталниот маркетинг.
Во, досега најбогатата програма, конференцијата ќе биде домаќин на преку 25 домашни и странски експерти од 10 различни држави во светот, кои ќе го пренесат своето искуство и знаење преку клучни говори, панел дискусии и неформални разговори, на различни теми поврзани со можностите за раст на бизнисите во е-трговија, по многубројните адаптации што беа направени речиси во сите сфери на работењето, како одговор на глобалната пандемија.



