Актуелно
Јубилејно издание на Конференцијата за е-трговија: Утре Скопје ќе биде домаќин на експерти од Тик-ток, Гугл, Пејонир и други светски познати компании
Се е подготвено за 5. јубилејно издание на Конференцијата за е-трговија која ќе се одржи утре, во хотелот „DoubleТree By Hilton Skopje“ во Скопје, под мотото „E-commerce: Accelerate!”.
Врвни и еминентни експерти од големите светски брендови Тик-ток, Гугл, Пејонир, но и претставници од едни од најуспешните регионални бизниси ќе бидат дел од најавената висококвалитетна програма кои преку предавања, панел дискусии и неформални разговори ќе ги пренесат своите експертизи и искуства од областа на е-трговијата, дигитализацијата и дигиталниот маркетинг.
Конференцијата годинава за првпат доби регионален карактер и истата е најголема досега – се очекува да присуствуваат повеќе од 500 гости – успешни претприемачи, е-трговци, директори и менаџери на компании и владини претставници од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Албанија, Косово, Црна Гора и Бугарија што ја прави уникатна и единствена во регионот во своето петто јубилејно издание.




