Актуелно
Се отвори петтата конференција за е-трговија во Македонија: Македонецот купува онлајн еднаш до два пати во 3 месеци, прави нарачки најчесто до 50 евра, а најмногу нарачува од домашни е-трговци
Денес, во хотелот „DoubleTree by Hilton Skopje“ во Скопје под мотото „E-commerce: Accelerate!“, започна Петтата годишна конференција за е-трговија, премиерно во своето регионално издание, на која присуствуваат преку 500 учесници од повеќе од 10 земји, а свое излагање ќе имаат 29 еминентни говорници од земјата и странство.
Можностите кои ги нуди е-трговијата во регионот, промените на навиките кај купувачите предизвикани од е-трговијата, поврзаноста помеѓу податоците, маркетингот и технологијата, како и приказни од успешни е-трговци од регионот ќе бидат главните теми на годинешното издание кои ќе бидат претставени низ шест keynote презентации, eден неформален разговор, четири панел сесии и две презентации на успешни приказни од регионот.
