Македонската PR агенција IDEA LAB се приклучи на PROI Worldwide
IDEA LAB од Скопје, Македонија, е избрана за партнерство во PROI Worldwide, водечки глобален конзорциум на претприемачки агенции за комуникации со партнери во 55 земји.
„Споделување на знаење и искуство со други сопственици на топ независни агенции е важна професионална и развојна иницијатива за IDEA LAB,“ изјави Димитар Атанасовски, Сопственик и Маркетинг Директор на агенцијата. „Навикнати сме да соработуваме со агенции на проекти низ Балканскиот регион и ориентирани сме кон вмрежување и проширување на нашиот опсег на поголемо ниво со помош на PROI Partners.“
Циро Диас Реис, Претседател на глобално ниво на PROI Worldwide и Директор на водечката бразилска агенција, Imagem Corporativa, изјави „Според нивната одлична соработка со други PROI агенции, навистина сме среќни да ги додадеме IDEA LAB во нашата група на водечки претприемачки комуникациски компании. Нивниот креативен пристап и став кон услугите за клиентите и развојот на бизнисот, совршено се вклопуваат во давање поддршка на нашите Партнери во регионот.“



