Актуелно
Иднината е светла – 10 години Халкбанк во Македонија
Успешната приказна на брендот Халкбанк АД Скопје, која започна на нашиот пазар пред 10 години, уште од првиот ден во центарот на своето работење ги става луѓето. Важноста на луѓето како основно јадро во целокупното дејствување, но и во значењето на името на банката продолжува и натаму.
Во годината во која го одбележува овој значаен јубилеј, Халкбанк повторно го насочува вниманието кон луѓето, овој пат претставени преку десет херои од нашето општество што со своите ентузијазам, мотивација, храброст, дејствување, успех и верба во себе успешно чекорат по патот кон остварувањето на своите соништа.
Кампањата со која банката го прославува својот роденден на македонскиот пазар, како носечка порака ја има довербата во луѓето и во иднината, изразени преку охрабрувачкиот слоган „Иднината е светла“ и промовирањето и поддршката на 10-те централни ликови во кампањата.



