Актуелно
Мастеркард отвора претставништво во Скопје и назначува нов генерален директор за Југоисточна Европа
Технолошкиот лидер „Мастеркард“ (Mastercard) преку огранокот за Европа го отвoра своето долгоочекувано претставништво во Скопје.
„Мастеркард беше првата платежна картичка издадена во Република Северна Македонија и во изминатите дваесет и пет години увидовме дека земјата се издвојува како иновативно и напредно општество на Балканот, посветено на развој на дигиталната економија, корисничко искуство (UX) со врвен квалитет за потрошувачите. и услуги за електронското банкарство. Горди сме што Мастеркард континуирано инвестираше во развојот на инфраструктурата за бесконтактни NFC плаќања и економскиот еко-систем како стабилна мрежа на меѓусебно поврзани фирми и институции, така што сега можеме да одбележиме прифаќање на 100% бесконтактните платежни уреди во земјата. Мастеркард се гордее и со извонредниот впечаток и изградениот однос со сите клучни чинители на пазарот. Ние сме ко-основачи и главен поддржувач на Македонската асоцијација за е-трговија, стремејќи се кон врвен квалитет на дигиталното искуство и безгрижност при секојдневните плаќања на сите македонски граѓани. Отворањето на локалното претставништво е природна еволуција и е со нетрпение очекувано од нашите вредни партнери во Република Северна Македонија“, изјави Вања Манова, менаџерка на Мастеркард за Северна Македонија, Бугарија, Албанија и Косово.