Актуелно
Најавени се говорниците – Големи светски брендови ќе зборуваат за редефинирање на е-трговијата со вештачката интелигенција во Скопје
Еминентни говорници од големите светски брендови Нестле („Nestlé “), Мета („Meta“), Заландо (“Zalando”), Алегро („Allegro“), Рибок („Reebok“), но и претставници од дел од најуспешните регионални е-трговци ќе бидат дел од годинашното издание на Конференцијата за е-трговија, која на 14 ноември по шести пат ќе се одржи во нашата земја, а веќе втора година со својот регионален карактер е домаќин на гости од преку 10 држави од регионот и светот.
Во своето најголемо и тематски најисполнето издание до сега, конференцијата за е-трговија ќе ги обедини најистакнатите домашни и меѓународни експерти во областа кои преку клучни говори, панел дискусии и неформални разговори, фокусирани на различни теми поврзани со новата ера во човековото живеење – искористувањето на потенцијалот на вештачката интелигенција ќе го пренесат своето искуство и знаење пред присутните. Покрај тоа, конференцијата ќе биде одлично место за вмрежување и споделување искуства, поддржано од иновативниот саемски концепт, кој дополнително ги зголемува можностите за интеракција и размена на знаење.





