Актуелно
Експерти од Гугл, Пејонир и Фејсбук (Мета) доаѓаат во Скопје за 5. годишна конференција за е-трговија
Подготовките за најголемата конференција за е-трговија во Македонија, која годинава ќе се одржи на 11 ноември под мотото „E-commerce: Accelerate“, се во полн ек.
И годинава, конференцијата за е-трговија ќе биде место каде што сите присутни ќе можат да ги прошират своите знаења во областа на е-трговијата, како и да се запознаат со домашните и странски експерти од областа на е-трговијата, дигитализацијата, е-плаќањата и дигиталниот маркетинг.
Во, досега најбогатата програма, конференцијата ќе биде домаќин на преку 25 домашни и странски експерти од 10 различни држави во светот, кои ќе го пренесат своето искуство и знаење преку клучни говори, панел дискусии и неформални разговори, на различни теми поврзани со можностите за забрзување, како клучен дел од претприемачкиот екосистем за постигнување на раст и развој на бизнисите.




