„Нептун“ отвори нов продажен салон во Ист Гејт Мол
„Нептун“, лидерот во малопродажбата на иновативни технологии и бела техника во земјава, го отвора најмодерениот продажен салон од овој бренд во најголемиот трговски центар во регионот, Ист Гејт Мол во Скопје.
Софистицираниот продажен простор е специјално дизајниран за да ги задоволи потребите на сите потрошувачи, нудејќи ги најновите производи и технолошки иновации на врвните светски брендови како Beko, Samsung, LG, Huawei, Sony, Apple, Philips, Grundig, Elektrolux, Candy, Asus, Acer, Lenovo, Fuego, Bosch, Tefal, Rowenta и др.
Новиот продажен салон на „Нептун“ е носечка продавница во Ист Гејт Мол која се простира на површина од 1.500 метри квадратни. Стратешката позиција на „Нептун“ во трговскиот центар овозможува лесен пристап до продажниот салон и со автомобил, што го олеснува транспортот на купените производи и придонесува за максимално удобно купување. Продажниот салон на потрошувачите им нуди најголем избор на врвни апарати за домаќинство, уреди за ладење и греење, телевизори, гејминг опрема, смартфони и ИТ уреди и други технолошки иновации, а стручниот тим од 35 вработени ќе им го олесни изборот на потрошувачите со своите совети и препораки. Работното време на продажниот салон е секој ден од 10 до 22 часот.



