Од денеска нема маски на отворено – почнуваат свадбите и веселбите
Откако денеска ќе бидат усвоени на владина седница, граѓаните ќе можат да се движат без маски на отворено, ќе се дозволи организирање свадби, прослави, веселби на отворен простор/летни тераси до максимум 100 лица, а ќе биде дозволено и присуство на публика на спортски натпревари што се одржуваат на отворено до 30 проценти од вкупниот капацитет на посетители.
Но, иако пандемијата спласнува, Министерот за здравство Венко Филипче ги повикува граѓаните да останат внимателни.
За олабавување на сегашните рестриктивни мерки, предложени се седум препораки – укинување на мерката носење заштитна маска на отворено со препорака за носење маска кога лицата се во поголема група. Останува на важност мерката за задолжително носење заштитна маска во јавен превоз, такси-превоз и во сите затворени простори.



