„Ќе настапувам од дома“: Ед Ширан позитивен на коронавирус
Само неколку дена пред објавувањето на неговиот нов студиски албум, Ед Ширан на својот профил на Инстаграм објави дека е позитивен на Ковид-19.
Британската поп ѕвезда објави дека ги почитува владините препораки и дека се наоѓа во самоизолација, но дека ќе продолжи да настапува и да дава интервјуа од својот дом во Сафок.
Во престојниот период тој имаше закажано многубројни појавувања во јавноста како дел од промоцијата за новиот албум. Тој беше најавен и како музички гостин на популарното американско шоу „Saturday Night Live“




