Wizz Air повторно отвори 7 рути од Северна Македонија до 4 држави низ Европа
Wizz Air, најбрзо растечката авиокомпанија во Европа, денес објави дека постепено се отвораат 7 линии до 4 дестинации, од двата македонски аеродрома. Првиот од обновените летови беше на 23 мај. Wizz Air нуди широк спектар на ниско-буџетни линии до најатрактивните земји и градови низ Европа, вклучувајќи ги Франција и Германија, како најрелевантни дестинации. Билетите се достапни на Интернет на wizzair.com или преку мобилната апликација.
Како резултат на олеснетите ограничувањата поради Ковид-19, низ цела Европа, Wizz Air оди напред, најавувајќи повторно отворање на линиите што ќе ги однесе патниците до повеќе европски дестинации. Почнувајќи од крајот на мај, секој може да резервира карта и да ужива во долгоочекуваниот одмор или посета на семејството и пријателите ширум континентот, во текот на летото, на уште повеќе WIZZ дестинации.
Земји во кој Wizz Air повторно ги отвора летовите се Франција, Германија, Австрија и Шведска. Уште еднаш, Wizz Air ја докажува својата заложба и повторно ги поврзува Северна Македонија со Париз Бове, Базел-Мулхаус-Фрајбург, Фридрихшафен, Дортмунд, Виена, Карлсруе / Баден-Баден и Малме.


