Општина Центар им посака топло добредојде на околу 600 првачиња
Општина Центар им посака топло добредојде на околу 600 првачиња кои денеска првпат седнаа во училишните клупи.
Таму ги дочекаа пораки за многу успех и добро здравје во текот на целата учебна година, како и пакетче со училиштен прибор и Бонтон за деца за добро однесување на училиште и во домот.
Целта на оваа активност е првоодделенците да го почувствуваат училиштето како свој втор дом, во кој ќе научат многу нови работи, но и ќе стекнат нови другари.




